Николо Барела е едно од најатрактивните имиња на европскиот фудбалски пазар.
Италијанскиот репрезентативец и член на Интер веќе подолго време е на мета на Реал Мадрид.
Претседателот на шпанскиот гигант, Флорентино Перез, според шпанските медиуми бил голем фан на Барела. Сепак, барем засега Реал не испратиле понуда за Барела.
Конкретна понуда за играчот од редот за врска испратиле само од Њукасл јунајтед.
Имено, Њукасл на Интер му нуди 75 милиони евра за Николо Барела. Станува збор за цифра која ги задоволува апетитите на Интер.
Останува да видиме дали Николо Барела ќе се согласи да се пресели во Англија.
Од оваа сезона играч на Њукасл е колегата на Барела од италијанската репрезентација, Сандро Тонали.