Последниот саботен натпревар од 25. коло во Премиер лигата го одиграа Кристал Палас и Ливерпул. Натпреварот заврши без голови.
Ливерпул доминираше во првите 30 минути, имаше неколку можности во тој период, а потоа гостите малку го намалија темпото и му дозволија на Кристал Палас да почне да игра.
Најдобрата шанса во првиот дел од играта ја имаше Палас по грешката и изгубената топка на Трент Александер-Арнолд. Гостите ги спаси само гредата која ја погоди Жан-Филип Матета.
Статистиката беше на страната на „црвените“, но голови немаше.
Во последните 20 минути имаше неколку интересни обиди, но немаше промена на резултатот. Висенте Гуаита забележа четири одбрани и значајно придонесе неговиот тим да освои бод на овој меч.
Ливерпул сега е на седмото место на табелата со 36 бодови од 23 натпревари, меч повеќе одигра Кристал Палас и е на 12. позиција со 27 бодови.
Во следното коло Ливерпул ќе го пречеа Вулверхемптон, а Кристал Палас гостува кај Астон Вила.