Top Sport

„Нула“ во Буенос Аирес, каменуван автобусот на Сантос

Бока јуниорс и Сантос одиграа 0:0 во првиот полу-финален натпревар, во Копа Либертадорес.

На натпреварот во Буенос Аирес немаше многу возбудувања, ниту големи шанси. Гостите можат да бидат задоволни бидејќи успеаја да ја сочуваат својата мрежа.

Инаку по натпреварот бил каменуван автобусот во кој биле фудбалерите на Сантос. За среќа никој не бил повреден.

Реваншот ќе се одигра за една недела во Бразил.

Победникот од овој дуел, ќе игра во финалето на „Маракана“, веројатно против Палмеирас, кој на гостински терен славеше на Ривер Плејт со 3:0.

 

Scroll to Top