Реал и Атлетико одиграа 0:0 во градското дерби, во кое најмногу се истакнаа голманите Тибо Куртоа и Јан Облак.
Актерите на теренот на „Сантијаго Бернабеу“, со прикажаното им останаа должни на сите оние што го следеа мечот.
Реал и Атлетико имаа свои шанси меѓутоа голманите спречија да биде постигнат гол.
Атлетико играше подобро во првиот дел, меѓутоа Куртоа успеа два пати одбрани чисти зицери. „Еден на еден“, голманот на Реал беше со Гризман во 18. и Диего Коста во 37.минута. Реал во овој дел од натпреварот имаше добра шанса преку Бејл во 21.минута. Атлетико Мадрид шеста година по ред успеа да остане непоразен на теренот на градскиот ривал.
Во вториот дел Реал целосно ја контролираше играта, но успеа да создаде само една сериозна шанса. Слично како и напаѓачите на Атлетико, во идеална шанса се најде Марко Асенсио во 66.минута, но Облак излезе како победник во тој дуел.
По ова седмо коло Реал остана на челната позиција заедно со Барселона со 14 бода, Атлетико е на четвртото место со два помалку, а на третата позиција се искачи Севиллја со 13 бода.