Top Sport

АБА-лига: Партизан ја победи Цедевита (Видео)

Кошаркарите на Партизан, во Загреб, ја победија Цедевита 87:84 (28:17, 25:15, 18:26, 16:26), во дерби натпреварот во АБА-лигата. Партизан ја запиша втората победа над Цедевите во досегашните 14 меѓусебни натпревари.

Партизан ја декласира Цедевита во првото полувреме кое го завршија со предност од 21 поен (32:53).

Цедевита успеа да одговори во вториот дел, не само што ја намалија разликата туку на 90 секунди до крајот имаа напад за водство при резултат 78:79. Кобс не успеа да погоди за три поени, а на спротивната страна Загорац со тројка практично стави точка на мечот.

Маринковиќ со 25 поени го предводеше Партизан, додека Загорац имаше учинок од 12 поени, седум скока и четири асистенции.

Кај Цедевита најефикасни беа Кобс и Бел со по 19 поени.

Scroll to Top