Top Sport

Нуњез ги пропушта натпреварите на Уругвај

Дарвин Нуњез нема да настапи за Уругвај на престојните натпревари. Напаѓачот на Ливерпил го откажа настапот поради повреда.

23. годишниот фудбалер на Ливерпул нема да игра против Јапонија и Јужна Кореја. За време на репрезентативната пауза тој ќе остане на терапија во Ливерпул.

Од Ливерпул не потврдија за каква повреда се работи, но различни медиуми објавија дека се работи за проблем со зглобот на глуждот.

Нуњез се повреди на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал во Мадрид.

Scroll to Top