Челниците на фудбалскиот клуб Севилја потврдија дека Стивен Нзонзи изразил желба да го напушти клубот.
Францускиот репрезентативец во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра, а Севилја би го продала Нзонзи и за 38 милиони евра.
„Нзонзи сак да замине, но тој има уште две години од договорот со нас. Може да замине само доколку пристигна добра понуда. Во спротивно ќе мора да го испочитува својот договор“, рекол спортскиот директор Хоаин Капарос.
Од почетокот на преодниот рок Нзонзи се поврзува со трансфер во Рома, но клубот од „Олимпико“ нуди само 25 милиони евра за неговиот трансфер.