Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Џејми О’Хара, тешко го прифати поразот на Спарс кај Мура, во Конференциската лига. Мура, во дуелот со фаворизираниот тим успеа да ја забележи првата победа во групата.
О’Хара во емисија на „Скај спорт“, најмногу ги критикувал Деле Али, Мет Дохерти, Тунга Ндомбеле и Давиндон Санчез. Тој смета дека овие четворица не заслужуваат да го носат дресот на Тотенхем.
„Срамно е како се однесуваа некои играчи. Ќе ви ги кажам нивните имиња: Дохерти, Деле Али, Ндомбеле, Санчез. Тие повеќе не би требало да го носат дресот на Тотенхем. Морате да излезете на теренот, да го го дадете максимумот и на тој начин да покажаете дека заслужувате да бидете дел од клубот и ерата на Конте. И што се случи, ниту еден од нив не покажа дека заслужува да биде во клубот. Доколку Конте прави некакви промени, очекувам да ги исфрли од клубот, да ги тргне од списокот за плати…едноставно не ги сакаме во клубот“, рекол О’Хара.