Top Sport

О’Нил: Немаше шанси Грилиш и Рајс да ја изберат Ирска пред Англија

Поранешниот ирски селектор, Мартин О’Нил признава дека не постоело шанса Џек Грилиш и Деклан Рајс да ја изберат Република Ирска наместо Англија и не им се лути што го направиле тоа.

Грилиш и Рајс настапуваа за ирските јуниорски репрезентации, додека Рајс дури одигра три пријателски мечеви за сениорскиот тим (под О’Нил како селектор) пред да ја изберат Англија.

„Многу е едноставно – Деклан Рајс сакаше да игра за Англија. Роден е во Англија и не можете да го донесете во конкурентен меч каде што ќе треба да игра против Англија. Со Џек Грилиш беше исто така. Бев да го видам, се запознав со неговиот татко, но Џек е роден во Англија и иако сакаше да игра за нас во јуниорите, кога дојде време за одлука, беше јасно дека ќе ја избере Англија. Нема да им го одземам тоа право“, вели О’нил.

Според тогашните правила, доколку О’Нил ги поставеше во конкурентен меч за Ирска, тие немаше да можат да настапат за Англија.

„Не би го направил тоа, тоа е навистина погрешен потег. Фудбалерите ги знаат правилата, нивните татковци ги знаат правилата. Тоа би било уцена до тие фудбалери“, објаснува О’Нил

Scroll to Top