Напаѓачот на Челси, Пјер-Емерик Обамејанг, ќе го напушти клубот од „Стемфорд бриџ“ ова лето. Се споменуваше дека може да следи негово враќање во Барселона, но тоа е сѐ подалечна опција за Габонецот.
Пред него сепак има еден примамлив предлог. Тоа вклучува преселба во Франција каде што го изгради своето име носејќи го дресот на Сент Етјен. Оттаму замина во Борусија Дортмунд, а потоа во Арсенал…
Понудата што ја има на маса е од Олимпик Марсеј и вклучува едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Обамејанг е заинтересиран и сега се работи на финансиските детали од договорот.
Обамејанг таму би му се придружил на друг поранешен напаѓач на Арсенал, Алексис Санчез и би било многу интересно да ги видиме во тандем.