Top Sport

Обамејанг ги „спаси“ Арсенал, Наполи излета од Лига Европа

Арсенал на „домашен“ терен во Атина со гол во 89. минута стигна до возбудлива 3:2 победа над Бенфика за да се пласира во осминафиналето на Европа, откако на првиот меч беше 1:1. Наполи, пак, не успеа да ја елиминира предноста на Гранада и покрај 2:1 победата (на гости беше 0:2 за шпанскиот клуб).

Без проблеми во осминафиналето влегоа Ајакс, Шахтјор и Вилјареал, додека норвешкиот Молде сензационалн победи со 1:0 кај Хофенхајм и го елиминираше бундеслигашот.

Арсенал први дојдоа до посакуваната предност во 21. минута преку капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, но Диого Гонсалвес во финишот на првото полувреме израмни со спектакуларен гол од слободен удар. Обамејанг даде уште еден гол, кој беше поништен поради офсајд, пред Дани Себалјос во 61. минута да направи катастрофална грешка и да му ја подари топката на Рафа Силва кој го совлада Лено за 1:2. Киеран Тирни во 67. минута израмни на 2:2 и кога беше најпотребно во 89. минута, Обамејанг повторно „удри“ за 3:2 победа.

На „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, Наполи бркаше 0:2 негатива од Гранада и започна одлично, откако Пјотр Зиелински постигна гол по само три минути игра. Гранада, сепак, успеа да израмни на 1:1 по 25 минути преку Монторо, а Наполи се врати во водство преку Фабијан Руиз во 59. минута, но примениот гол значеше дека Наполи треба да даде уште два гола.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Ајакс – Лил 2:1, прв натпревар 2:1, вкупно 4:2

Арсенал – Бенфика 3:2, прв натпревар 1:1, вкупно 4:3

Хофенхајм – Молде 0:1, прв натпревар 3:3, вкупно 3:4

Наполи – Гранада 2:1, прв натпревар 0:2, вкупно 2:3

Ренџерс – Антверпен 5:2, прв натпревар 4:3, вкупно 7:5

Шахтјор Доњецк – Макаби Тел Авив 1:0, прв натпревар 2:0, вкупно 3:0

Вилјареал – Ред Бул Салцбург 2:1, прв натпревар 2:0, вкупно 4:1

АРСЕНАЛ – БЕНФИКА

НАПОЛИ – ГРАНАДА

РЕНЏЕРС – АНТВЕРПЕН

АЈАКС – ЛИЛ

ХОФЕНХАЈМ – МОЛДЕ

ВИЛЈАРЕАЛ – САЛЦБУРГ

ШАХТЈОР – МАКАБИ

Scroll to Top