Top Sport

Обамејанг го „растури“ ФА купот, Артета го „среди“

Капитенот Пјер-Емерик Обамејанг прво со два гола го обезбеди трофејот од ФА купот за Арсенал по саботната победа над Челси, по што успеа да го „здроби“ трофејот откако му падна од раце, но подоцна, менаџерот Микел Артета успеа да го „среди“ и да биде главниот во прославата во соблекувалната на „топчиите“ на „Вембли“.

Ова беше рекорден 14. трофеј од ФА купот за „топчиите“, но прв трофеј под водство на поранешниот нивни фудбалер Артета, и во соблекувалната беше лудо, додека пред „Емирати“ во Лондон се собраа илјадници фанови.

Арсенал го освои ФА купот

Scroll to Top