Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг вели дека останува посветен на клубот и покрај шпекулациите дека јасно ставил до знаење дека сака трансфер бидејќи не гледа перспектива со „топчиите“.
Габонецот уште го нема продолжено договорот со клубот од „Емирати“, кој истекува во 2021 година, а за него се заинтересирани Интер и Барселона. Сега, вторпат во само една недела, тој вели дека сака да го врати клубот „каде што заслужува да биде“.
„Би сакал да реагирам на дел од шпекулациите кои се поврзуваат со мене во медиумите. Луѓето измислуваат приказни за мене, а јас сакам да се фокусирам на тоа што се случува на теренот. Зборуваат премногу и ми ја мешат главата. Јас сум капитен на Арсенал и го сакам овој клуб. Посветен сум и очаен да го вратам на врвот, каде што заслужува да биде“, изјави Обамејанг.