Top Sport

Обамејанг и Барса се „распукаа“ на „Месталја“

Пјер-Емерик Обамејанг го постигна својот прв (и втор) гол за да помогне Барселона да стигне до убедлива 4:1 победа на гостувањето кај Валенсија за каталонскиот клуб да се врати на четвртото место на табелата во шпанската Ла лига.

Обамејанг во 23. минута доби убава топка од Жорди Алба да ги донесе гостите во водство, а само четири минути подоцна Френки де Јонг зголеми на 0:2. Веќе во 38. минута, Обамејанг со својот втор гол донесе убедлива предност од 0:3 со која се отиде на одмор.

„Лилјаците“ најавија враќање во игра во 53. минута преку Карлос Солер, меѓутоа во 63. минута, само што влезе во игра Педри со прекрасен гол зголеми на 1:4.

Барса сега е четврта со 42 поени, само еден поен зад Реал Бетис на третото место и со ист број на поени со Атлетико на петтото место (иако „рохибланкос“ имаат натпревар повеќе). Валенсија нема победа во последните шест меча и се наоѓа на 12. место со 30 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top