Top Sport

Обамејанг на местото на Меси во Барселона?

Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик-Обамејанг би можел наскоро да стане нов фудбалер на шпанска Барселона, пренесува „Скај спорт“.

Каталонците за овој трансфер покрај пари, во Лондон би можело да го испратат и поранешниот играч на Ливерпул, Фелипе Кутињо, наведува истиот извор.

По заминувањето на Меси останува празно местото централен напаѓач затоа што играчит кој треба да игра на таа позиција – Серхио Агуеро е повреден и ќе е надвор од терените подолг период.

Од останатите напаѓачи, се чини Гризман ја загуби довербата од управата на клубот, Депај во кариерата повеќе игра како лево крило, додека Брејтвајт досега беше неоправдано „потценет“.

Она што дополнително ги подргреа надежите дека Обамејанг ќе го напушти „Емирати“ е тоа што тој во последен момент бил изоставен од тимот за мечот од 1. коло во ПЛ кај Брентофорд иако било најавено дека ќе е стартер.

До крајот на преодниот рок има уште две недели.

Scroll to Top