Top Sport

Обамејанг пред трансфер во Челси

Челси тргна по потписот на напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг. Од „Стенфорд Бриџ“, во Каталонија ја испратиле првата понуда за 33. годишниот напаѓач.

Како што пренесува добро информираниот новинар, Жерар Ромеро, Челси понудил 27.000.000 евра за Габонецот. Барса негативно одговориле со цел да ја зголеми сумата за уште 3.000.000 евра, што не треба да претставува пречка за богат клуб каков што е Челси.
Во меѓувреме и Манчестер јунајтед се обидел да влезе во трката за потписот на Обамејанг, но тој решил да се преслеи во Челси каде што повторно би работел со својот поранешен тренер од Борусија Дортмунд, Томас Тухел.

Напаѓачот денеска треба да ги договори личните услови со Челзи и да чека финализирање на преговорите меѓу клубовите.

Барселона сака да го растерети буџетот за плати со заминувањето на Обамејанг, откако во клубот пристигна Роберт Левандовски.

Обамејанг дојде во Каталонија како слободен играч од Арсенал на крајот на јануари. Арсенал му плати само за да го раскине договорот, сега Барселона ќе оствари чиста добивка.

Scroll to Top