Top Sport

Обамејанг се подготвува за трансфер – го продава сребреното Ламборгини

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг го постави своето посебно „Ламборгини авентадор“ на продажба во Германија за 250.000 фунти, што британските медиуми го протолкуваа како подготовка за трансфер во Англија – бидејќи нема да му треба автомобил со волан од левата страна.

28-годишниот Габонец одигра полни 90 минути на гостувањето во Мајнц, кој Борусија го доби со 2:0 за прва победа во Бундеслигата од септември. Тој е постојано поврзуван со трансфер во Англија, откако германскиот тим неколку пати го дисциплинираше.

Тој имаше 15 гола во првите 12 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, но формата падна како што паѓаше формата на БВБ.

За неговите услуги се заинтересирани во Реал Мадрид, но и во Евертон, кои наводно одобриле сума од 60 милиони фунти за негово ангажирање во зимскиот преоден рок.

Scroll to Top