Top Sport

Се намалува хомофобијата кај фудбалските навивачи

На четири од пет британски фудбалски фанови нема да им претставува проблем ако фудбалер на нивниот тим би открил дека е хомосексуалец, вели последното истражување.

„Форца фудбал“ заедно со „Стоунвол“, најголемата европска добротворна организација за правата на ЛГБТ заедницата, испита 50.000 фудбалски навивачи од 38 земји за нивните односи кон хомосексуалноста.

Севкупно, три четвртини од фановите не би имале проблем играч од нивната репрезентација да открие дека е геј, со Исланд на прво место каде што 90 отсто од фановите го сметаат тоа. Од другата страна се Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Египет, каде што само 10% од фановите сметаат исто.

Русија, каде што следната година се одржува Светското првенство има речиси 50 отсто поддршка. Во САД нешто повеќе од една третина од фановите не би сакале во нивниот тим да има хомосексуалец.

Scroll to Top