Top Sport

Обамејанг со „смешен“ гол донесе три поени за Арсенал (видео)

Пјер-Емерик Обамејанг ја искористи неверојатната грешка на одбраната на Ватфорд на стартот на мечот за да постигне гол кој беше доволен Арсенал да ги освои трите поени на понеделничкото гостување кај Ватфорд, доволно „топчиите“ да се вратат на четвртото место на табелата.

Уште во десеттата минута, Обамејанг ја искористи бизарната грешка на голманот Фостер за да го постигне можеби неговиот најлесен гол во кариерата. Само една минута подоцна, домаќините останаа со играч помалку откако Трој Дини доби црвен картон за удар со лакт над Лукас Тореира.

Со оваа победа, Арсенал се врати на четвртото место во Премиер лигата со 66 поени, колку што има и петтопласираниот Челси, и два повеќе од шестопласираниот Манчестер јунајтед. Тотенхем е трет со 67 поени.

Scroll to Top