Top Sport

Обамејанг: Тотенхем? Срање, сите го знаат тоа!!!

Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг сигурно стана уште посакан од своите навивачи откако даде искрено мислење за најголемите ривали на „топчиите“, Тотенхем.

31-годишниот Обамејанг играше „Фортнајт“ со неговиот брат Вили, кога еден фан го запраша што мисли за лутите ривали од северен Лондон.

„Што мислиме за Тотенхем? Ха! Срање, сите знаеме“, вели Обамејанг.

Ова не е првпат Обамејанг да има негативно мислење за Тотенхем, откако во 2013 година, додека играше за Борусија Дортмунд ги критикуваше Тотенхем за неуспешниот обид да го купат.

„Тотенхем се обидоа да ме донесат во јуни 2012. Но, на крајот работите станаа многу чудни и не ми се допаѓаше како ги правеа работите. Затоа, ако Спарси дојдат повторно за мене, ќе речам не“, изјави во 2013 Габонецот.

Scroll to Top