Top Sport

Џеко утре одлучува дали ќе остане во Рома

Генералниот директор на Рома, Гвидо Фиенга закажал состанок со капитенот Един Џеко за утре, кога ќе се одлучи иднината на репрезентативецот на БиХ кај „волчицата“.

Според „Скај спорт Италија“, 34-годишниот Џеко, кој има договор со клубот до јуни 2022 година, ќе направи одлука за иднина по состанокот со Фиенга, откако беше поврзуван со трансфер во Јувентус ова лето.

Ако Џеко му соопшти дека не сака да остане во Рим, клубот нема да прави проблеми околу неговиот трансфер.

Џеко пристигна во Рим од Манчестер сити во јули 2016 година и во 222 натпревари за Рома има постигнато 106 гола и 50 асистенции.

Scroll to Top