Top Sport

Обесија кукла со ликот на Винисиус – Шпанскиот суд им изрече жестоки казни

Шпанските власти ја донесоа пресудата за седмината хулигани на Атлетико Мадрид, за морбиден „перформанс“. Тие во јануари, на еден мост во близина на тренинг центарот на Реал, закачија кукла со ликот на бразилскиот фудбалер Винисиус и транспарент со порака: „Мадрид го мрази Реал“.

Четворица се казнети со по 60.000 евра и добија две години забрана за влез на стадионите во Шпанија. Тие беа уапсени пред 11 дена, а потоа по платената кауција беа ослободени.

Останатите тројца, се казнети со по 5.000 евра и една година им е забранет влезот на стадионите во Шпанија една година, поради расистичките извици упатени кон Винисиус.

Тие тројца расисти се на возраст од 18 до 21 година.

Scroll to Top