Top Sport

Обид за киднапирање на комплетната репрезентација на Белизе

Фудбалска репрезентација на Белизе пред гостувањето на Хаити, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство, била инволвирана во инцидент кој имал среќен крај.

Автобусот кој ги превезувал во хотелот бил пресретнат од мажи вооружени со автоматско оружје. Веднаш потоа автобусот бил опколен со неколку мотоцикли. Еден од нив започнал да разговара со возачот.

Поголем инцидент спречила полицијата, која ги следела киднаперите.

„Шокирани сме од она што ни се случи на Хаити. Во контакт сме со ФИФА и КОНКАКАФ, за да им обезбедиме максимална безбедност на играчите. Се уште сме во шок од она што ни се случи. Сите играчи се добро, покажаа голема храброст во таа ситуација“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Белизе.

Киднапирањата се голем проблем за полицијата на Хаити во последните неколку години. Според некои проценки, во оваа држава месечно се случуваат по 160 киднапирања.

 

Scroll to Top