Преодниот рок заврши, а Нејмар и Пол Погба останаа во Пари Сен Жермен, односно Манчестер Јунајтед. Општо е познато дека Нејмар имаше желба да се врати во Барселона, а Погба посакуваше трансфер во Реал Мадрид.
Откако летниот преоден рок заврши, а Нејмар и Погба останаа таму каде што беа и претходно. Медиумите веруваат дека приказните околу трансферите биле режирани и дека причините немаат врска со играчите туку со целите на клубовите.
Во Манчестер Јунајтед биле убедени дека приказната околу Погба била само маневар на претседателот на Реал, Флорентино Перез да го испочитува барањето на својот тренер. Од Јунајтед тврдат дека Реал, поточно Перез во ниту еден момент не биле ниту блиску до бараните 150 милиони евра.
„Ни дојде ниту една сериозна понуда. Ниту една понуда не беше поголема од она што ние го плативме кога Погба дојде од Јувентус. Сите работеа со некои смешни суми и нудеа плус и фудбалери. Мислам дека е во прашање обична измама“, им изјавил на медиумите неименуван извор од Манчестер Јунајтед.
„Погба или ништо“, тоа го барал Зидан и на крајот остана без засилување во редот за врска.
Се шпекулира дека и Солскјер немало да се противи на заминувањето на Погба, но доколку сумата била помеѓу 150 и 160 милиони евра. Целта му била да собере пари за да го донесе Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.
Кога станува збор за Нејмар, Барселона вложила малку повеќе труд од она што го правеле во реал за Погба, но не сакале да ја зголемат понудата.
Медиумите тврдат дека двата состаноци меѓу клупските челници одржани во финишот на преодниот рок биле само обична претстава за јавноста. Барселона во ниту еден момент на сакал да го зголемат финансискиот дел од понудата.
Барселона се обиделе да го донесат Нејмар само за му удоволат на својот најдобар играч Лионел Меси. Наводно Аргентинецот бил лут кога клубот го испратил Фелипе Кутињо во Баерн Минхен, иако Пари Сен Жермен го сакале овој играч да биде вклучен во трансферот на Нејмар.