Top Sport

Обидот на Роналдињо да го „истрола“ Рамос не помина најдобро

Легендата на Барселона, Роналдињо се обиде да го „истрола“ Серхио Рамос по заминувањето на капитенот на Реал Мадрид од „кралевите“, но на крајот доби брутален одговор.

35-годишниот Рамос имаше можност да се соочи со Роналдињо на многу „Ел класика“ во историјата, и 41-годишниот Бразилец реши да го „боцне“ Шпанецот со фотографија од нивен дуел.

„Еј, Серхио Рамос, се сеќаваш ли на оваа ноќ“, напиша Роналдињо, посочувајќи на 3:0 победата на Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ во сезоната 2005/06.

Но, изгледа тој направи мала грешка – искористи фотографија од сезоната 2006/07, кога Реал стигна до 2:0 победа, а самиот Рамос имаше асистенција. Рамос одговори на Твитер со уште поинтересна „боцка“.

„Да, но се сеќавам и на ова неколку месеци подоцна“, нашиша Рамос со фотографија од титулата во сезоната во која Реал и Барса завршија со ист број на поени, но Реал имаше подобар меѓусебен скор.

Scroll to Top