Шпанската полиција има нови докази околу нападот врз поранешниот српски фудбалер Дарко Ковачевиќ. Шпанскиот „Ел Конфиденсијал“ објави резултати од истрагата на полицијата кои покажува дека обидот за убиство врз Ковачевиќ било поврзано со наместени натпревари во Кипар.
Шпанската полиција корупцијата ја открила на ист начин како што го открила местењето на натпревари во Ла Лига. Во таа акција биле уапсени околу 50 менаџери, играчи и судии.
Сето тоа се верува било поврзано со вооружен напад и обид за убиство на Ковачевиќ.
За потсетување, еден напаѓач испукал неколку куршуми во Ковачевиќ пред неговиот дом во Атина.
„Ел Конфиденсијал“ посочува дека врската помеѓу Кипар и Шпанија во целата оваа приказна бил поранешниот играч на Атлетико Мадрид и АЕК Ларнака, Хорхе Ларена.