Атлетико Мадрид ја одби понудата на Барселона да го испрати на „Ноу Камп“, најскапото засилување во клупската историја, Жоао Феликс.
Доцна синоќа, од Каталонија во Мадрид, испратиле понуда за едногодишна позајмица на 21-годишниот Португалец, без можност Барселона потоа да го откупи неговиот договор.
Диего Симеоне, смета дека Феликс ја претставува иднината на клубот.
Атлетико Мадрид, го донесе Феликс како замена за Антоан Гризман. Неговиот трансфер од 126 милиони евра е најголем во клупската историја и четврти најголем во историјата на фудбалот.
Жоао Феликс, има учинок од 19 голови и осум асистенции на 76 одиграни натпревари за Атлетико. Младиот Португалец, поради операција го пропушта стартот на новата сезона.