ПГМОЛ, англиската судиска асоцијација, објави видео од разговорот во ВАР собата, на натпреварот Тотенхем-Ливерпул, кога беше поништен голот на Луис Дијаз. Во саботата, Тотенхем го победи Ливероул со 2.1.
Многу полемики предизвика судењето на Сајмон Хупер, неговите помошници и судиите во ВАР-собата. Најмногу се зборува за поништениот гол на Ливерпул. Во 34. минута Дијаз погоди за водство на Ливерпул од 1:0, но помошниот судија сигнализираше офсајд.
Таа одлука беше потврдена по многу кратка проверка на ВАР, а во ВАР просторијата заклучија дека нема потреба да се цртаат линии за да се види дали Колумбиецот бил во недозволена позиција.
По натпреварот судиската организација ја призна грешката и порача дека голот на Дијаз бил регуларен. Тие потоа издадоа соопштение во кое тврдеа дека судијата Дарен Ингланд мислел дека голот на почетокот бил потврден на теренот.
По кратка проверка, тој се увери дека нема офсајд и само го извести судијата Хупер дека „проверката е завршена“ и дека нема ништо спорно.
🚨 @PremierLeague release official VAR audio from Luis Diaz's disallowed goal vs Tottenham.
Full statement: https://t.co/buvq5mG2q3 pic.twitter.com/a8zjGgcOCO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 3, 2023
„Проверката е направена, прегледот е направен, се е во ред“.
Судијата Хупер потоа даде знак натпреварот да продолжи, по што се јави операторот во ВАР собата задолжен за повторување на снимката, кој вели: „Дали сте задоволни со ова?“
„ВАР: Офсајд, да. Ова е погрешно.
Оператор: Чекај, чекај, чекај… Одлуката на теренот беше дека е офсајд. Дали сте задоволни со аголот?
ВАР: Да. Офсајд, гол. Тоа е погрешно“.