Top Sport

Објавени 30-те кандидати за „Златната топка“, меѓу нив седум фудбалери на Ливерпул!

Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Виргил ван Дајк се фаворитите за освојувањето на „Златната топка“, престижната награда на „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер на светот, откако беа објавени 30-те имиња на финалистите, помеѓу кои има дури седум фудбалери на европскиот шампион, Ливерпул.

Први беа објавени имињата на ѕвездите од Премиер лигата, Серхио Агуеро (Манчестер сити), Садио Мане (Ливерпул) и помалку неочекувано голманот на Тотенхем, Иго Љорис, заедно со Френки де Јонг (Барселона) и Душан Тадиќ (Ајакс).

Во следната „тура“ тука беа Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал), Трент-Александер Арнолд (Ливерпул), Марк Андре Тер Штеген (Барселона) и Дони ван де Бек (Ајакс). Има место и за Килијан Мбапе (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид) и за колегите од Јувентус, Кристијано Роналдо и Матијс де Лихт.

Четворката од Ливерпул, Алисон, Георгино Вајналдум, Роберто Фирмино и Виргил ван Дајк се приклучи на Мане и Александер-Арнолд. Тука се и Бернардо Силва (Манчестер сити), Сон Хеунг-Мин (Тотенхем) и Роберт Левандовски (Баерн Минхен).

Во следната „петка“ беа и Лео Меси (Барселона), Калиду Кулибали (Наполи), Кевин де Бројне (Манчестер сити), Ријад Марез (Манчестер сити) и Антоан Гризман (Барселона).

Во последната „тура“ која беше објавена беа вклучени и седмиот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, покрај Еден Азар (Реал Мадрид), Маркињос (ПСЖ), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид) и Рахим Стерлинг (Манчестер сити)

Главната церемонија за доделување на „Златната топка“ ќе се оддржи на 4 декември во Париз.

Scroll to Top