Top Sport

Објавени нови услови за продажбата на Челси

Четири конзорциуми се надеваат дека ќе го купат фудбалскиот клуб Челси. Вториот круг ќе трае до 11.април, кога е крајниот рок за доставување на ревидираните понуди.

Конзорциумите добиле два нови услови, кои ќе мора да ги исполнат доколку сакаат да го купат актуелниот европски првак.

Потенцијалниот купувач ќе мора да обезбеди финансиски гаранции дека ќе може да ги покрие оперативните трошоци и ќе мора да вложи 1.200.000.000 евра во модернизација на „Стенфорд Бриџ“.

Ова дополнително ќе ја одложи продажбата на клубот, но се предвидува дека работата може да биде завршена во наредните пет недели.

Од оние кои останаа во трката за купување на Челси, најголеми шанси има семејството Рикетс, бидејќи само тие говореле за реновирањето на стадионот.

План за реновирање на „Стенфорд Бриџ“ имаше и Роман Абрамович, но се откажа од него кога не доби работна виза од британските власти.

Scroll to Top