Top Sport

Објавено „славното“ селфи на навивачот на Јунајтед со Роналдо

Враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ беше преемотивно за дел од навивачите на Манчестер јунајтед, посебно за еден навивач кого го очекува голема казна за влегувањето во теренот во обид да се фотографира со легендата.

На крајот, Роналдо успеа да ги убеди лицата од обезбедувањето да дозволат да се фотографира со него. Сега, навивачот ја објави фотографијата на својот Инстаграм профил.

„Легендо, ти благодарам за ова. Ти си голем човек и ми го исполни сонот со ова селфи“, напиша навивачот.


Scroll to Top