Top Sport

Глејзери му порачале на Мурињо да ја „затвори устата“

Сопствениците на Манчестер јунајтед, семејството Глејзер му пратило порака на Жозе Мурињо да престане со бесмислените и претераните критики и коментари, бидејќи овие испади го нарушуваат угледот во светот на клубот, јавува британскиот таблоид „Сан“.

Првите луѓе на „ѓаволите“ не се толку загрижени за слабите резултати на тимот, туку за репутацијата на клубот која тоне по редовните „испади“ на Мурињо. Португалецот доби казна од ФА за пцуењето на португалски јазик при 3:2 победата над Њукасл, а во последниот меч од Премиер лигата се судри со еден од тренерите на Челси, Марко Јани, откако неговиот поранешен клуб постигна гол за 2:2 реми на „Стемфорд бриџ“.

Аврам и Џоел Глејзер, кои се заеднички претседатели на клубот, исто така не се задоволни што Мурињо има ужасен однос со дел од легендите на клубот, како Пол Сколс, кој јавно го критикува Мурињо.

Според „Сан“, Португалецот веќе почнал да ги менува односите, прво со фудбалерите – по инструкција на бордот на клубот веќе нема јавни критики за одредени играчи, и покрај катастрофалниот меч против Јуве на „Олд Трафорд“, кога Мурињо наместо критики реши да ги пофали гостинските фудбалери.

Јунајтед во недела го пречекуваат Евертон во Премиер лигата, каде што се на 11. место  по девет натпревари.

Scroll to Top