Јан Облак, еден од најдобрите голмани во светот на фудбалот, во средата го продолжил договорот со Атлетико. Клубот на својата официјална интернет страница објави дека Словенецот потпишал нов четири годишен договор, што значи дека во Атлетико е остане до 30 јуни 2023 година.
Јан Облак, во Атлетико пристигна во летниот преоден рок во 2014 година од Бенфика. Клубот од „Ванда Метрополитано“ за него плати 15 милиони евра. Репрезентативецот на на Словенија во Атлетико има неверојатна статистика, досега настапил на 203 натпревари, а на 115 од нив не примил гол.
Во кариерата три пати (2015/2016, 2016/2017, 2017/2018) ја освојувал наградата „Замора“ која му се доделува на голманот што примил најмалку голови во Ла Лига, а на добар пат е да ја освои наградата и оваа сезона.
Клубот не ги соопшти финансиските детали од договорот што го потпиша 26 годишниот голман. Според шпанските медиуми годишната плата му е значително зголемена, од два на 10 милиони евра, а откупната клаузула изнесува 150 милиони евра.