Top Sport

Облак: Немав поим кој е Ханси Флик

Словенечкиот голман на Атлетико Мадрид, Јан Облак признава дека не знаел кој е Ханси Флик пред германскиот тренер да го преземе Баерн Минхен минатата сезона и со нив да освои домашна тројна титула и трофејот од Лигата на шампионите.

55-годишниот Флик ја презеде работата од Нико Ковач во ноември 2019 година, прво како привремен тренер, пред во април да добие тригодишен договор. Флик претходно беше асистент на Јоаким Лев во германската репрезентација, и работеше како асистент во Ред бул Салцбург, а пет години беше фудбалер на Баерн. Облак признава дека не го забележал досега.

„Искрено, немав слушнато за него и го признавам тоа. Сега, секако, секој кој гледа фудбал знае кој е Флик. Ги освои сите титули кои беа тука“, вели Облак за „Билд“.

Словенецот беше полн со пофални зборови и за капитенот на Баерн, Мануел Ноер, кој лани ја доби наградата на УЕФА за најдобар голман.

„Тој е капитен и еден од најважните фудбалери за Баерн. Кога Ноер е во добра форма, тимот е во добра форма“, додава Облак.

Scroll to Top