Top Sport

Гатузо: Елмас се уште е позитивен на Ковид 19

Џенаро Гатузо, кормиларот на Наполи се уште не може да смета на услугите на македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас за претстојните натпревари на клубот. Пред утрешниот прв натпревар од новата сезона во Лига Европа против холандски Аз Алкмар Италијанецот рече дека Елмас и Зиелински и натаму се позитивни на Ковид-19 вирусот и не се во комбинација за мечот.

„Во стартниот тим ќе имаме тројца или четворица играчи кои не настапија против Аталанта. Мора да правиме промени и да ротираме со ваков распоред, но сепак не сакам премногу да го менувам ликот на тимот. Зиелински и Елмас се уште се позитивни на вирусот. Искрено, се надевам дека ќе бидат негативни откако ќе истече 21-от ден. После тоа, ќе мора напорно да работат да се вратат во оптимална физичка кондиција“ – рече Гатузо.


Македонскиот фудбалер се уште не им се вратил на тренинзите. Македонската јавност е во очекување дека младиот фудбалер од средината на теренот ќе успее навреме да ја врати формата како за во Наполи, така и за историскиот меч за Македонија, на 12. ноември против Грузија, во Тбилиси – финале на баражот за пласман на Европско првенство.

Scroll to Top