Барселона го победи Атлетико Мадрид 2:0 во дербито одиграно во шпанската Ла Лига. Барса го скриши отпорот на „јорганџиите“ во последните четири минути и практично ја обезбеди титулата. Каталонците имаат 11 бода повеќе од Атлетико и 13 од Реал. Тимот од Масдрид од 28 минута играше со играч помалку откако судијата Мансано му покажа директен црвен картон на Диего Коста.
На „Камп Ноу“ блескаше голманот на Атлетико Јан Облак, кој имаше девет интервенции, но не можеше да ги брани ударите на Луис Суарез и Лео Меси во 85 и 87 минута.
Претходно Словенецот три пати ги бранеше ударите на Меси, два пати на Кутињо, Суарез..
Атлетико од друга страна два пати се заканија преку Гризман, кој со свирежи беше пречекан од публиката на „Ноу Камп“.
Во наредното коло Атлетико ќе ја пречека Селта, а Барселона ќе гостува кај Уеска.