Top Sport

Обложувалнците го отпишаа Лопетеги

Хулен Лопетеги, ден пред почетокот на Светското првенство доби отказ на местото селектор на шпанската репрезентација, бидејќи без да го извести Сојузот, ја прифатил понудата на Реал Мадрид. Овој потег не и донесе ништо добро на репрезентацијата, а досега ниту на Реал.

Скандалот чии актер беше Лопетеги со сигурност ја чинеше Шпанија подобар резултат на Светското првенство. Без да ги информира челниците на Сојузот, Лопетеги ја прифатил понудата на Реал да го наследи Зинедин Зидан.

Во Реал немаа трпение и таа информација ја објавија на 48 часа пред првиот меч на Шпанија на мундијалот. Фудбалскиот сојуз на Шпанија реагираше експресно и му врачи отказ на селекторот.

Барем засега одлуката да ја прифати понудата на реал се покажува како погрешна. „Кралскиот клуб“ со Лоптеги во првите девет кола забележа три порази и успеа да сруши некои неславни клупски рекорди.

На последните четири натпревари во лигата, Реал, освои само еден бод, а загуби од Севилја, Алавес и Леванте. Тука е и неславната серија од осум часа и една минута без постигнат гол. Таа лоша серија вчера ја прекина Марсело со голот што го постигна против Леванте во 71.минута.

Јасно е дека Лопетеги се наоѓа пред отказ, а некои од најпознатите светски обложувалници веќе не можете да се обложите дека Реал наскоро ќе остане без тренер.

Од друга страна една од најголемите обложувалници во Европа „Корал“, по вчерашниот пораз од Леванте, ги објави коефициентите за можните наследници на Лоптеги.

Списокот на понудените имиња е повеќе од интересен, тука се наоѓаат имињата на Антонио Конте, Маурисио Покетино, Арсен Венгер, Гути, Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри.

Прашање е само дали Лопетеги ќе замине по дербито со Барселона, кое се игра наредната сабота или по ноемвриската пауза поради настапите на репрезентациите.

Scroll to Top