Top Sport

Обложувалниците му кројат отказ на Норвежанецот

Англиските обложувалници сметаат дека, во наредниот период, Оле Гунар Солскјер има најголеми шанси од сите колеги тренери во Премиер лигата да добие отказ. Норвежанецот со својот тим на последните седум натпревари има забележано само три победи.

Манчестер Јунајтед никако да влезат во посакуваната форма, од стартот на сезоната играат по системот „топло-ладно“, па некако и можат да бидат задоволни со петтата позиција на табелата.

Сепак на сите во клубот им е јасно дека клубот е далеку од пласман на едно од првите четири места.

Поради тоа обложувалниците сметаат дек Солскјер наскоро би можел да добие отказ. Тие веќе ја скорија листата и излегоа со коефициентите за неговите можни наследници.

Најголеми шанси му се даваат на Маурисио Покетино, иако тој неколку пати изјави дека нема да работи никаде до крајот на сезоната. Зад Покетино, според коефициентите е поранешниот тренер на Јувентус Масимилијано Алегри, а во комбинација се и Брендон Роџерс, Ралф Рагник и Лоран Блан.

Scroll to Top