Top Sport

Обложувалниците имаат свој фаворит за „Златната топка“

На 22. септември ќе се одржи големиот спектакл на „Франс фудбал“. На гала церемонија ќе бидат доделени годишни награди, вклучувајќи ја и најважната и најгламурозна индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“.

Кандидатите за 69-то доделување на наградата „Франс фудбал“ ќе ги дознаеме во август, но обложувалниците веќе ги објавија квотите и шансите за победа.

Според нив, убедливо прв фаворит е Усман Дембеле. Крилниот напаѓач на ПСЖ беше еден од најдобрите играчи на патот кон тројната круна. Тој постигна 33 гола и имаше 15 асистенции за „светците“ во сите натпреварувања, а може совршено да ја заокружи импресивната сезона во јуни ако Франција ја освои Лигата на нации.

Според обложувалниците, Дембеле има 70 осто шанси да ја осови наградата. Единствен противкандидат му е Ламин Јамал. Играчот на Барселона забележа 18 гола и 25 асистенции, а со клубот ја освои двојната круна.

Ниту еден од другите кандидати нема повеќе од 7 отсто шанси за победа.

Шансите за освојување на Златната топка:

Усман Дембеле 1.4
Ламин Јамал 3,75
Мохамед Салах 13
Рафиња 13
Хвича Кваратцхелија 15
Лаутаро Мартинез 26
Дезире Ду 34

Scroll to Top