Ливерпул потврдија дека обновата на нивниот славен стадион „Енфилд“ вредна 60 милиони фунти ќе биде одложена за 12 месеци поради кризата со корона вирусот.
„Црвените“ планираа дека ќе почнат со работа на проширувањето на капацитетот на стадионот на 61.000 седишта пред крајот на 2020 година, но сега мораат да ги одложат плановите поради влијанието кое кризата го има на градежната индустрија. Новиот термин за комплетирање на работите е летото 2023 година.
„Искусивме премногу одложувања на планираниот проект како директен резултат на кризата со КОВИД-19. Поради предизвиците кои многу сектори на градежната индустрија го имаат во моментов, заедно со обврските на јавниот сектор, проектот ќе се одложи за најмалку 12 месеци. Потребни ни се две лета без фудбал за да се комплетира и затоа мора да се направи оваа пауза“, изјави генералниот директор на клубот, Енди Хјуз.
Со овој проект ќе се додадат околу 7.000 седишта на трибината „Енфилд роуд“.