Top Sport

Обвинителите се откажаа од случајот против Наполи

Обвинителот во Неапол реши да ги отфрли сите обвинувања за играчите и управата на тимот на Наполи за наводните врски со организираниот криминал, поточно со мафијашката група „Камора“.

Истрагата беше започната по објавување на фотографии на кои дел од играчите на клубот се фотографирани со членови на „Камора“, меѓутоа обвинителството смета дека фудбалерите можеби не знаеле дека се работи за криминалци. Случајот сега може да оди кај Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

„Обвинителот ја архивираше истрагата, бидејќи не постои случај. Разговаравме со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, но тоа беше само еден обичен разговор. Наполи никогаш не биле вклучени во ваква ситуација, така што сомнежите се ставени на страна“, изјави адвокатот на Наполи.

Наполи под истрага за „дружба“ со мафијата

Scroll to Top