Кривична постапка отворија италијанските власти по смрта на фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори. Главниот обинител во Удине, Антонио де Николо рекол дека постапката е отоврена под сомнение дека фудбалерот бил убиен.
Обдукцијата на телото на 31-годишниот фудбалер треба да биде извршена утре, по што ќе биде позната причината за смртта на Астори. Капитенот на Фиорентина почина ноќта помеѓу саботата и неделата во хотел во Удине.
„Орворивме кривична постапка поради можност за убиство од негрижа. Тоа е неопходна процедура. Засега е отворена постапка против непозната особа. наскоро ќе биде извршена и аутопсијата“, изјавил за радиото РАИ, Де Николо.
Тој рекол дека е зачуден што прфесионален спортист, чие здравје редовоно било котролирано, починал во сон на 31-годишна возраст.