Top Sport

Обвинителството бара 12. годишна затворска казна за Дани Алвеш

Обвинителството побара максимална казна од 12 години затвор за Дани Алвеш (40). Поранешниот играч на Барселона е обвинет за сексуален напад. Делото за кое е обвинет, Алвеш го извршил на 30. декември во ноќен клуб, во Барселона.

Истражниот судија во август поднесе обвинение, а судот тогаш соопшт дека има доволно докази за судењето кое се очекува следната година. Поранешниот дефанзивец на Барселона ги негираше обвинувањата, а од јануари е во притвор. Она што не му оди во прилог е што неколку пати го менувал исказот пред истражните органи.

Обвинителите, исто така, побараа Алвеш да и плати отштета од 150.000 евра на жртвата и да му се забрани каков било контакт со неа во следните десет години. Тие исто така сакаат Алвеш да остане под надзор една деценија по отслужувањето на затворската казна.

Сите барања за кауција на Алвеш беа одбиени бидејќи судот сметаше дека постои ризик од негово бегство.

Алвеш има 42 титули во кариерата, вклучувајќи три Лига на шампиони со Барселона и две Копа Америка со Бразил. Во кариерата играше и за бразилската Баија, Севилја, Јувентус, ПСЖ, Сао Паоло и мексиканскиот УНАМ Пумас.

Scroll to Top