Европската фудбалска унија (УЕФА), објави дека сериозно ја разгледува идејата од 2024 година во Лигата на шампионите, да се игра „Фајнал Ејт“ турнир. Почнувајќи од четврт-финалето, натпреварите би се играле во една држава. Победниците би биле решавани во еден натпревар.
Поради пандемијата на коронавирусот, оваа сезона, осум тима играа во Португалија. Ова изнудено решение наиде одличен прием кај фудбалските фанови во Европа и светот. Анализите на УЕФА покажале дека поголем интерес на навивачите кога еден натпревар го решава победникот.
До 2024 година, поради веќе потпишаните договори со ТВ оператори и спонзорите, системот на натпревари нема да се менува. По 2024 година УЕФА не ја исклучува можноста за воведување на завршен турнир.
„Гледаноста на завршните турнири во август беше огромна. Тоа е показател дека овој формат може одлично да функционира“, изјавил генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети.
Во август завршницата во Лигата на шампионите се играше во Португалија, на стадионите на Бенфика и Спортнг Лисабон, додека завршницата во Лига Европа се играше во Германија, во Гелзенкирхен, Келн, Дуизбург и Дизелдорф.