Top Sport

Од Ал Рајан потврдија – Хамес Родригез се сели во Катар

Откако Рафаел Бенитес дојде на клупата на Евертон ова лето, колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез не одигра ниту еден меч на „карамелите“.

Па затоа 30-годишниот фудбалер неделава патуваше кон катар на разговори со клубот Ал Рајан, тим предводен од легендата на францускиот фудбал, Лоран Блан.

Катарскиот клуб денеска со видео снимка на социјалните мрежи потврди дека Родригез е веќе нивни играч иако минатото лето Колумбиецот потпиша двегодишна соработка со клубот од Ливерпул со опција за продолжување за додатни 12 месеци.

Во кариерата Родригез играше и за Енвигадо, Банфилд, Порто, Монако, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Минатата сезона за Евертон постигна 6 гола со 9 асистенции на 26 натпревари за тимот.

Ал Рајан е вицешампион на Катар.

Од Евертон сакаа трансферот да се оствари поради платата од 10 милиони фунти годишно.

Родригез последен пат играше за Евертон во мај, и иако имаше импресивен старт со три гола во првите пет меча по пристигнувањето од Реал Мадрид, повредите и слабата форма не му дадоа многу минути.

Scroll to Top