Министерот за здравство на Италија Карло Сибилја открил кога би можеле навивачите да се вратата на трибините. Според него веројатно од август натпреварите во Серија А ќе се играат пред публика.
Фудбалот, по пауза од три месеци, во Италија се враќа во петок и сабота, кога ќе се одиграат полу-финалните реванши во Купот.
Ре-стартот на сезоната во Италија ќе се случи пред празни трибини, а министерот Сибилја верува дека во август ќе се створат услови навивачите да се вратат на трибините.
„На сите ни е јасно дека фудбалот без навивачи не е вистинска работа, сепак мораме да бидеме претпазливи. Верувам дека ќе се стекнат услови навивачите во август да се вратата на трибините. Дури не ја исклучувам можноста тоа да се случи во јули, оваа опција е комплицирана, ќе разговараме за неа. Целта е да го вратиме италијанскиот фудбал тој да се игра во нормални услови“, рекол Сибилја.
Сезоната во Италија продолжува во петок со делот Јувентус-Милан, ден подоцна својот полу-финален реванш во Купот ќе го одиграат Лацио и Интер.