Top Sport

Од доставувач на машини за перење до Лига на шампиони – Милан му даде договор на Жуниор Месијас

Милан го добија на позајмица со опција за купување фудбалерот од средниот ред на Кротоне, Жуниор Месијас, комплетирајќи го неверојатниот пат на фудбалерот кој пред пет години работеше како доставувач и играше во Серија Д.

30-годишниот Бразилец доаѓа на позајмица од 2.6 милиони евра со опција за постојан договор за 5.4 милиони евра плус бонуси, откако минатата сезона импресионираше со Кротоне.

Месијас имаше 9 гола и 4 асистенции во својата прва сезона во Серија А за Кротоне, откако пред да дојде во клубот во 2019 играше за Казале, Киери и Гоцано, клубови од Серија Д, до трансферот во Серија Ц во 2018/19.

Тој претходно играше фудал само како хоби, работејќи како доставувач на цигли од срушени згради, и како доставувач на машини за перење. Поранешниот фудалер Елио Роси го сретнал на еден локален меч во Торино и успеал да му најде договор од 1.500 евра месечно да стане фудбалер на Казале.

Scroll to Top