Top Sport

„Од две причини Зидан си замина од Реал“

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, го открива причините за оставката на Зинедин Зидан. Пет дена по освојувањето на третата титула во низа, во Лигата на шампионите, францускиот тренер го напушти Реал.

„Зидан јасно и гласно на Флорентино Перез му постави некои услови. Тие услови не се никаква тајна. Инсистираше Реал да го задржи Кристијано Роналдо, а да го продаде Герет Бејл. Перез сакаше и го направи спротивното“, рекол Калдерон кој од 2006 до 2009 година беше прв човек на „кралскиот клуб“.

„Зидан веднаш потоа решил да замине. Можеме само да забележиме дека бил целосно во право“, заклучил Калдерон.

Scroll to Top