Top Sport

Од Ѕјуба барале 5 милиони долари да не го пуштат видеото со мастурбирањето

Артем Ѕјуба, капитенот на Зенит Санкт Петерсбург и руската фудбалска репрезентација можел да го спречи срамот кој го доживеа со објавувањето на видеото на кое тој мастурбира во хотелска соба, но тоа ќе го чинело 5 милиони долари, колку што барале уценувачите.

Според руските медиуми, Ѕјуба го познавал уценувачот, кој е пријавен на полицијата. Фудбалерот знаел дека неговиот телефон е „хакуван“ и подолго време го очекувал излегувањето во јавноста.

По скандалот, Ѕјуба беше исфрлен од руската репрезентација за трите меча во интернационалната пауза од страна на селекторот Станислав Черчесов за да се избегне „несаканиот негативен публицитет“.

Рускиот капитен Ѕјуба во бизарно видео со мастурбирање

Scroll to Top