Сер Алекс Фергусон е најсупешниот тренер во историјата на Мнчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ Шкотланѓанецот мина 27 години.
Во неговата ера низ клубот продефилираа голем број на врвни фудбалери, поради што тој никогаш не би можел да го состави идеален тим. Исклучок е Денис Ирвин кој според Фергусон би бил лев бек во секој избор на идеален тим на „црвените ѓаволи“.
„Апсолутно невозможно е да се состави најдобриот тим во историјата на Манчестер Јунајтед. Погледенете ги само напаѓачите: Меклер, Хјуз, Кантона, Нистелрој, Саха, Солскјер, Јорк, Шерингем. Потоа Руни, Ван Перси, Чичарито. Полесно би било со редот за врска ги имавме Кин, Робсон, Сколс, но и Бекам, Роналдо и Гигс. Сепак за еден секогаш би имало место во идеалните 11, јас секогаш би го избрал Денис Ирвинг“, рекол Фергусон.
За овој играч во својата биографија Фергусон напишал дека тој е фудбалер што никогаш нема да ве изневери.
Денис Ирвин одиграл 529 натпревари за Манчестер Јунајтед во периодот од 1990 до 2002 година.